Качамакот со кајмак, во регионот познат како цицвара, се приготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додаток кајмак или сирење.

Но старинскиот рецепт за цицвара крие една тајна. Колку помасен и повкусен е кајмакот толку повкусно ќе биде јадењето. Се верува дека качамакот е одличен за варењето, па го викаат и „мелем за цревата“.

Состојки:
2 дл вода
2 дл млеко
300-400 г сирење или кајмак
8 лажици бело пченкарно брашно
1 лажица нерастопена маст (ако користите кајмак, нема да ви треба)
1 лажиче сол
1 лажица мед

Приготвување:
Сипете млеко, вода и маст во тенџере и ставете ги да зовријат, па додајте сирење и сол и добро промешајте. Кога повторно ќе зоврие, намалете ја температурата, сипете пченкарно брашно и непрекинато мешајте. Оставете полека да крчка десетина минути. Кога смесата ќе почне да се лепи на дното од садот и да добива текстура на мастика, готова е.

Качамакот највкусен е топол. Можете да го послужите со кисела павлака, јогурт или кисело млеко, а може и да направите салата по желба. Добар апетит!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.