Крофните не потсетуваат на детството, кога бабите не пречекуваа со топли и слатки пецива кои мирисаа од влезната врата. Денес домаќинките главно избегнуваат да ги прават, бидејќи сметаат дека подготовката е комплицирана, но ако ги следите чекорите, можете лесно да ги направите и вие. Најтешкиот дел од работата е да го замесите тестото, но со овој рецепт гарантирано ќе успеат. Бидејќи Велигденските пости се во тек, засладете се со посни крофни кои се меки како душа, а благодарение на додатоците како ванилин шеќер и портокал, целата куќа ќе мириса убаво.
Состојки:
200 мл млака вода
10 гр сув квасец
2 лажици шеќер
200 мл кисела вода
150 мл масло
600 гр брашно
1 лажичка сол
2 кесички ванилин шеќер
рендана кора од портокал
Подготовка:
Во сад истурете вода, квасец, шеќер и една лажица брашно. Се меша и се остава 10 минути да се активира квасецот. Потоа додадете кисела вода, масло, ванилин шеќер, рендана кора од портокал, половина од брашното и сол. Соединете, па додадете го преостанатото брашно и замесете тесто. Покријте и оставете на топло место да нарасне околу половина час. Потоа на набрашнета површина замесете го тестото кратко, а потоа со чаша или кружен калап извадете ги формите. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 10 минути. Потоа спуштете ги крофните во врелото масло. Намалете ја температурата и пржете додека не добијат убава златна боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.