Џулија Робертс (55) изгледа феноменално, пред се затоа што редовно вежба. За да го поддржи својот тренинг на најдобар можен начин, актерката се потпира на здрава исхрана.

Нејзиниот омилен летен рецепт е оваа фитнес салата, која е здрава и многу вкусна.

Состојки:

За салата:

1 конзерва наут
1 китка измиен и сушен спанаќ
2-3 моркови, исечени на тенки стапчиња
1 шака ореви
80 гр фета сирење, распарчено
бибер

За преливот:

3 супени лажици оцет
1 лажица сенф
80 мл маслиново масло
сол
бибер

Подготовка:

Наутот процедете го, а потоа добро исплакнете под ладна вода додека не се исчисти пената. Ставете во сад.

Во помал сад измешајте ги оцетот, сенфот, солта и биберот за преливот. Потоа полека измешајте во маслиновото масло додека сè не се соедини. Готовиот прелив оставете го на страна.

На наутот додадете го останатиот зеленчук. Измешајте фета и ореви и зачинете ја салатата со сол и бибер. Послужете веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.