Доколку водите поздрав начин на живот и внимавате да не внесувате премногу шеќер, овој сладолед е вистинскиот избор за вас, а и многу лесно се подготвува.
Потребни состојки:
-јогурт 200-300 мл
-3 зрели банани
-2 лажици мед
– 300 свежи јагоди, или замрзнато овошје по ваш избор
-арома ванила 1 лажица
Начин на подготовка:
Бананите добро изгмечете ги со вилушка, а потоа додадете го медот, јогуртот и ванилата. Соединете сè добро со блендер или миксер, а ако сакате посладок вкус, слободно додадете повеќе мед. Истурете половина од смесата во сад, потоа додадете ги јагодите (или замрзнатото овошје – по ваш избор, па потоа другата половина од смесата. Може да ставите одозгора рендано црно чоколадо, а уште поинтересно ќе биде ако смесата ја поделите во пластични чаши, па добиете „сладолед во чаша“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.