Денеска, 9 февруари, е Светски ден на пицата. Ова тенко тесто наредено со најразлични состојки е можеби најпопуларно јадење во светот, поради евтините и лесно достапни основни состојки и едноставноста за неговото правење. Кога е создадена пицата, тешко е да се прецизира.

За историјата на пицата се предат многу приказни, особено откако археолозите открија дека можна „далечна роднина“ на пицата е откриена на ѕидините на Помпеја, античкиот римски град во близина на Неапол кој бил уништен од вулкан, пред 2000 години, долго пред доматите и моцарелата да станат основни додатоци во италијанската кујна.

Но, пицата каква што ја знаеме денес потекнува од Неапол на крајот на 18. век. Во тоа време, населението во Неапол рапидно растело и имало многу сиромашни работници на кои им била потребна брза и евтина храна, а пиците ја задоволувале оваа потреба и често се јаделе за доручек.

Наједноставните пици биле само со лук, маст и сол, а некои имале и домати, сирење или сардели. Но, заедничката работа за сите нив било тоа што имале ниска цена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.