Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите.
Денеска се меси посна погача од девет сосотојки.
Погачата Фануропита или Фанурија го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос. Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено или работа, стан, љубов.. му се молите на Свети Фануриј, го правите овој колач, а светецот ќе ви ја исполни вашата желба. Ова е народно верување и обичај.
Карактеристично е додека се меси личноста што го прави се моли за благодет, среќа и мир во семејството и домот, а потоа си замислува желба.
Состојки:
500 мл кисела вода
2 пакетчиња прашок за пециво
6 филџани брашно
1 лажица цимет
2 филџани шеќер
2 филџани масло
3 лажици какао
100 гр сечкани лешници (половина во тестото, половина за над глазура)
1 филџан обична вода за глазурата
Подготовка:
Се мешаат сите состојки за тестото: киселата вода, шеќерот, брашното, прашокот за печиво, какаото, маслото, половина од лешниците и циметот. Изматете со миксер за да се изедначи смесата. Истата се претурва во тркалезно тавче 28-30 број. Може да се пече на хартија за печење за потоа лесно да ја извадите и да ја префрлите на чинија за сервирање.
Се пече во загреана рерна на 150 степени околу 50 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.