Не треба да ги исфрламе од исхраната свинската маст и сланината, вели нутриционистката Андреа Биланџија, објаснувајќи какви нутритивни вредности за нашето тело имаат овие намирници.
Иако со години ја плукаат како „лоша храна“, свинската маст има бројни придобивки ако се користи правилно и умерено. Таа е богата со витамините А, Д и Е, но покрај тоа, како и сите други масла и масти, содржи и многу калории, поради што треба да внимавате на количината. Дневниот калориски внес од масти не треба да надминува 30%. Всушност, салото е идеално за пржење и за термичка обработка на храната бидејќи има најголема отпорност на високи температури, поточно има висока точка на чадење, што го прави едно од најстабилните масла за термичка обработка на покачени температури, објаснува таа.
Додава и дека свинската маст содржи холестерол, кој во организмот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, важен за апсорпцијата на калциумот.
Што се однесува на сланината, пак, покрај протеините од месото, таа содржи и витамини од групата Б, селен, фосфор, железо, цинк итн.
Иако содржи околу 400 калории на 100 грама и околу 40% од тоа се масти, сланината е многу квалитетна храна која секако може да најде место во вашата чинија. Секако, сланината сепак е храна која не се јаде во големи количиним па клучот е умереноста, но и начинот на подготовка, вели Биланџија.
Таа објаснува дека нитратите и нитритите, кои ги содржат некои од пакуваните сланини, на високи температури се претвораат во канцерогени нитрозамини. Затоа, најдобро би било да јадете сланина во природна форма, а да избегнувате пржење на високи температури.
Друга работа што мора да ја имаме на ум при конзумирањето сланина е фактот дека содржи многу сол, поради што луѓето кои страдаат од висок крвен притисок мора да бидат внимателни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.