Децата од три години може да јадат по 10 г природно чоколадо на ден еднаш-двапати неделно, а младите и возрасните по 20–25 г два-три пати неделно или дури и поретко.
Научниците сметаат дека со умерена употреба на природно чоколадо се спречуваат исхемиска болест на срцето, артериска хипертензија, стенокардија, па дури и срцев и мозочен удар.
Чоколадото исти така ја подобрува состојбата на кожата, косата и на ноктите – поради минерално-витаминската разновидност го хармонизира коскеното ткиво, особено кај младите, а маските и бањите од чоколадо на изглед ги прават кожата и косата здрави.
МАНИ
* Обичните чоколади од продавница содржат многу калории, а чоколадните бонбончиња се едни од најштетните производи.
* На трудници и на доилки чоколадо и какао не им се препорачуваат поради тоа што се силни алергени.
* Овие намирници може да предизвикаат ждригавица, болести на зглобовите, да го засилат создавањето камен во бубрег, да предизвикаат главоболка и вознемиреност.
* Какао-напивката е корисна за нервно-мускулниот тонус и коскеното ткиво само кога ќе се приготви од нерастворлив супстрат, кој се вари како кафе.
* Растворливиот какао-прав го стимулира нервниот систем и може да го засили либидото, што за децата не е умесно.
* Напивката од какао-прав треба да се разблажи со поголемо количество млеко и да се пие само еднаш неделно.
* Топлото чоколадо што се прави од какао е вкусна напивка, но не е корисно за здравјето.
ПОТСЕТНИК
ВНИМАВАЈТЕ! Ако на прво место во составот на чоколадото е наведен шеќер, не ни помислувајте дека е корисна намирница.
КОНСУМИРАЈТЕ…
… природно чоколадо од Белгија и Швајцарија. Таму навистина е реална гаранцијата дека ќе добиете максимално квалитетна намирница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.