Овие вкусни погачи можат останат тазе и по неколку дена, но сигурни сме дека ќе се изедат веднаш.

Состојки:
400 г брашно
250 г свежо сирење
250 г путер
1 јајце
1 жолчка
сусамово семе
ким
сол

Приготвување:

1. Одвојте 3 лажици од вкупното количество на путер.

2. Замесете тесто од 300 г брашно, сирење и путер, а ако ви се лепи, додајте уште брашно.

3. Расучете тесто и премачкајте го со стопен путер (одвоеното количество). Преклопете. Повторно премачкате. Повторно преклопете, па ставете го тестото во фрижидер еден час.

4. Кога тестото ќе одмори, повторно расучете го, но не претенко. Вадете погачи со калап и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и жолчка, посипете ги со сусам или ким и печете ги во рерна на 190 степени, 12-15 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.