Наполеон тортата може да се направи на повеќе начини, а има и солена варијанта. Полесната подготовка е онаа без печење, но штом ќе ја пробате оваа, едноставно нема да можете да и одолеете. Се редат слоеви крцкава кора, а одозгора се става кремаст фил кој наликува на кремпитите. Оваа торта е толку едноставна и најпопуларна во поранешна Југославија меѓу нашите мајки и баби.

Состојки

450 гр брашно
100 гр шеќер
25 гр путер
3 јајца
1 лажичка прашок за пециво
прстофат сол
700 мл млеко
2 јајца
100 гр шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
3 лажици брашно
100 гр путер

Подготовка:

Што влегува во кората за пита?

Во јајцата додадете шеќер и сол и изматете. Додадете го путерот и продолжете со матење, а потоа истурете го прашокот за пециво. Промешајте и постепено додавајте брашно и замесете тесто. Покријте и оставете да одмори 20 минути. Тестото посипете го со брашно, па исечете го на 9 дела. Секој од нив расукајте го колку што е можно потенко Печете во сува тава по 2 минути од секоја страна. Извадете го, па врз него ставете кружен сад и исечете го вишокот тесто за да добиете правилен круг. Остатокот од тестото изблендирајте го.

Како се подготвува филот?

Во јајцата додадете шеќер, ванилин шеќер, брашно и 3 лажици млеко. Изматете. Кога смесата ќе стане мазна, истурете го преостанатото млеко и измешајте. Гответе додека смесата не стане густа со постојано мешање. Покријте и оставете да се излади на собна температура. Изматете го путерот додека не се пени, па додадете го во филот и убаво измешајте со миксер.

Еве како да ги распоредите слоевите за Наполеонова торта:

На чинијата намачкајте малку фил и ставете ја првата кора. Намачкајте го филот, па повторно кората и така додека не ги искористите сите состојки. На крајот, целата торта покријте ја со филот и посипете ги со издробеното тесто одозгора и рабовите. Ставете во фрижидер 6-7 часа.

Добар апетит



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.