Брз ручек од состојки што сигурно ги имате во кујна

Состојки:
400 г тестенини
200 г димена сланина
4-5 чешниња лук
1-2 главици кромид
200 г доматен сос
4-5 јајца
100 г кашкавал
50 мл масло
зачини и сол по вкус

Приготвување:
Сварете ги тестенините и тргнете ги на страна. Потоа, во подлабоко тавче пропржете малку сланина, лук и кромид, па додајте доматен сос и јајца. Изматете и испржете, па изрендајте кашкавал и додајте зачини. Измешајте го сосот со тестенините. Добар апетит!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.