Брз е, едноставен, а неговиот вкус е едноставно неодолив.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

● 150 г пишкоти
● 30 г шеќер во прав
● 30 г какао
● 300 мл млеко

За крем:
● 5 жолчки
● 200 г шеќер
● 50 г пченкарен скроб/нишесте/густин
● 500 мл млеко
● 250 г мек путер

шлаг крем:
● 400 г шлаг
● 50 г рендано чоколадо

ПОСТАПКА:

Во сад измешајте млеко, шеќер и какао. Добро изматете за да се растворат состојките. Во оваа течност потопувајте ги пишкотите и со нив покријте го дното на калапот.

Подгответе го кремот. Скробот, шеќерот и жолчките измешајте ги во млекото. Промешајте и ставете на оган. Варете со непрекинато мешање додека да добиете густ пудинг. Тргнете од оган, покријте со фолија и оставете да се излади.

Откако ќе се олади пенасто изматете го со миксер, па додајте го омекнатиот путерот и продолжете со матење додека да добиете нежен, изедначен крем.

Нанесете го кремот врз пишкотите и израмнете го.

Оставете во фрижидер да се излади еден час. Изматете го шлагот со миксер.

Потоа нанесете го врз кремот, а одозгора посипете со рендано чоколадо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.