Доколку обожавате добри салати, богати со текстура и вкусови, оваа есенска салата несомнено ќе ви ги исполни очекувањата. Слатката круша, преливот од сенф дижон, крцкавите оревчиња и кремавото сирење горгонзола создаваат вкусно есенско јадење, на кое нема да можете да му одолеете.

Состојки:

За салатата:

2 помали зрели круши, излупени и исечкани
60 г сирење горгонзола, здробено
околу 200 г мешана зелена салата, млад спанаќ, рукола
околу 20 оревчиња

За преливот:
2 лажици црвен вински оцет
1/2 лажиче сенф дижон
1 лажиче мед
1/4 лажиче сол
свежо мелен бибер
3 лажици маслиново масло

Приготвување:
1. Во помала чинија измешајте оцет, сенф, мед, сол и бибер. Додајте маслиново масло и изматете.

2. Во поголем сад измешајте зелена салата, круши, сирење горгонзола и ореви.

3. Пред самото послужување, додајте го преливот во салатата и убаво измешајте. Послужете ја веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.