Локум ролат со кокос и желе


Состојки:
1/2 кг локум
200 гр кокос
за фил
100 гр желе бомбони
100 гр орев или лешник, бадем
100 гр суво грозје

 

Подготовка: За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филува со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот.
Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.

Ролат со локум и сусам
Состојки:
1/2 кг локум
300 гр сусам
Подготовка: За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филува со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот.
Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.

 

Бело тоблероне

This image has an empty alt attribute; its file name is belo-toblerone.jpg
Состојки:
250 г маргарин
12 лажици шеќер
50 мл млеко
200 гр млеко во прав
6 полни лажици мелени бисквити
100 гр ореви или лешници
Подготовка: во сад на оган се става маргаринот, шеќерот и 50 мл млеко да проврие. Откако ќе се растопи маргаринот се трга од оган и се додава млекото во прав. Убаво се мати со миксер и се додаваат мелените бисквити и кршени ореви или лешници.Така добиената смеса се става во калап или се моделира со рака како триаголник и се остава во фрижидер да стегне.

 

Бели бомбици

This image has an empty alt attribute; its file name is beli-bombici-1024x576.jpg
Состојки:
1 маргарин
250 гр шеќер во прав
250 гр бело чоколадо рендано
250 гр кокосово брашно
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка: изрендајте го чоколадото на крупната страна на рендето.Додадете го во садот со маргаринот.Додајте ги и шеќерот во прав, ванилата и кокосот.Месите додека не се соединат состојките.
Обликувајте во форма на топчиња и валкајте во кокос.Ставете во ладилник да се стврднат.

Бомбици од суви смокви

This image has an empty alt attribute; its file name is bombici-od-suvi-smokvi.jpg
Потребно е:
500 г суви смокви
1 портокал
150 г мелени ореви
100 г чоколадо
100 г кафеав шеќер
Подготовка: сомелете ги смоквите и портокалот па во смесата додајте шеќер,
ореви, истопено чоколадо па се’ добро измешајте. Ако смесата е ретка додајте
мелени ореви или бисквити. Правете бомбици, валкајте ги во мелени ореви и
ставајте во корпички од хартија.

Бомбици со кикирики и чоколадо

This image has an empty alt attribute; its file name is bombici-so-kikiriki-i-cokolado.jpg
Состојки
200 г мелени кикирики
150 г мелени бисквити
200 мл вода
50 г шеќер
1 кесичк ванилин шеќер
2 лажици путер
50 г чоколадо за готвење
2 лажици мед
Подготовка: кикириките и бисквитите сомелете ги и ставете во еден подлабок сад.
Во сад на оган зовријте ја водата, додајте ги шеќерот, ванилата и путерот.
Додека е жежок шербетот истурете ги кикирите и бисквитите и оставете ги да се изладат. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете го медот, а во другиот топеното чоколадо. Направете бомбици, валкајте ги во рендано чоколадо и мелени кикирики.

Бомбици со урми и ореви

This image has an empty alt attribute; its file name is bombici-so-urmi-i-orevi.jpg
Лесни, посни и едноставни за правење.
Состојки:
200 г урми
100 г ореви
4 лажици шеќер во прав
1 лажица рум
сок од половина лимон
Подготовка: урмите треба да бидат без семка.Сите состојки ставаме ги во сечко и ги соединуваме со сечкање. Формирајте бомбици.

 

Бомбици за Божик

This image has an empty alt attribute; its file name is bombici-od-suvo-ovosje.jpg
Потребно е:
100 г суви сливи
100 г суви кајсии
70 г суви смокви
2 лажици мед
50 г мелени ореви
Подготовка: во блендер ставете ги сувите сливи, кајсиите и соквите и се’ заедно иситнете. На смесата додајте и мед и мелени ореви и измешајте. Од направената смеса со намрсени раце формирајте 20. бомбици и редете ги во хартиени форми.По желба бомбиците полијте ги со чоколадо но вака се подекоративни.

 

Домашно тоблероне

This image has an empty alt attribute; its file name is domasno-toblerone.jpg
Состојки:
1 маргарин
3 јајца
300 г шеќер
200 г чоколадо
2 лажици какао
100 г пржен сусам
100 г сечкани печени несолени кикирики
200 г мелени бисквити
Глазура:
100 г чоколадо
неколку капки мсло
Подготовка: јајцата и шеќерот изматете ги во густа пена и додајте во истопениот маргарин. Варете на водена купка додека шеќерот не се истопи, додајте какао, чоколадо и полека мешајте па на смесата додајте и кикирики, сусам и бисквити.
Соодветен триголен калап или тава (во случајот) намачкајте со омекнат маргарин и нанесете ја смесата, израмнете и префрлете во фрижидер.После неколку часови нанесете ја глазурата и оставете во фрижидер.

 

Лешник гнезда

This image has an empty alt attribute; its file name is lesnik-gnezda.jpg
Состојки:
200 мл вода
200 г шеќер
150 г маргарин
100 г чоколадо
150 г мелени печени лешници (кокосово брашно)
250 г мелени б исквити
мелени лешници (кокосово брашно), нутела
Подготовка:водата, шеќерот и маргаринот ставете ги во соодветен сад на тивко да зовријат. Тргнете од ринглата и додајте ги бисквитите и лешниците. Измешајте. Кога смесата ќе се излади со влажни раце формирајте топчиња, валкајте ги во мелените лешници а со палецот правете вдлабнатина. Со нутел или некој чоколаден крем полнете ја вдлабнатината. До служење префрлете во фрижидер.

Богата непечена торта

This image has an empty alt attribute; its file name is bogata-nepecena-torta.jpg
Оваа торта е навистина богатство на вкусови, а воедно е лесна за правење за сите оние кои не го сакаат печењето.
Состојки:
750 мл млеко
350 г шеќер
3 пудинга од ванила
250 г путер
400 г бисквити
100 г бисквити
100 г кокосово брашно
150 г печени кикирики
150 г мелени ореви
50 г брусница
15 свежи урми
2 лажици кокосов путер
2 банани
2 пакетчиња ресана колачи
1 лажица какао
чоколадни трошки за украсување
Подготовка:
1. Млекото и дел од шеќерот се доведуваат до точка на вриење, па се додаваат пудинзите со остатокот од шеќерот. Се меша додека да се згусне. Се остава да се лади.
2. Путерот кој ни бил на собна температура пенасто го матиме со миксер. Го соединуваме со изладениот пудинг. Во оваа смеса додаваме 400 гр мелени бисквити.
3. Ја делиме смесата на 4 дела. Во едниот ставаме какао и 100 гр бисквити, во вториот кокос, во третиот ореви, а во четвртиот мелени кикирики.
4. Брусницата со 1 лажица кокосов путер ја ставаме во сечко да се исечка. Урмите ги лупиме, ја острануваме од семката и ја ставаме со 1 лажица кокосов путер во сечко.
5. Редиме фил со бисквити, па банани на тркалца. Помеѓу нив мачкаме со мелените урми. Сега филот со кикирики, па мачкаме со сечкана брусница. Трет фил ни е филот со кокос, над кој редиме ресани и ги покриваме со филот од ореви. Украсуваме со чоколадни трошки.
Забелешка
Сечете ја откако убаво ќе се стегне во фрижидер (после неколку часови).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.