Заврши 48-часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam Skopje 2024 организиран од Macedonian Games Industry.

Се пријавија 60 учесници, а на локација дојдоа 75… и сите беа примени. Од нив се формираа 17 тимови, а се направија неверојатни 19 игри, од кои 18 видео игри и еден бордгејм.

Темата за оваа година беше „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случуваше во 109 земји во светот, на 797 локации и глобално учествуваа 48.000 учесници.

Global Game Jam се случува секоја година, последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.

Ова беше без размислување најдобриот Game Jam кој до сега се одржал во Македонија. Оваа година за прв пат имавме предавања во деновите пред „џемерскиот“ дел од настанот, велат од MGI.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.