Проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет и поранешен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во два мандатни периода, е добитник на високото признание – Медал на честа на IASC. Овој медал се доделува како знак на признание за личности кои придонесуваат за развојот на етичката наука и мирот. Инаку и секретарот на државата Ватикан, Светиот Отец Баба Монди е добитник на оваа престижно признание.

Признанието Медал на честа на IASC, на проф. Никола Јанкуловски му беше доделено на 12 октомври о.г., во просториите на Националната филхармонија во рамките на одржувањето на Балканскиот самит на World Changers Summits од страна на г. Габриеле Андреоли, основач и директор на World Changers Summits, кој претставува собир и место на безгранична инспирација за визионерски умови.

Прославен во Папската академија на науките во Ватикан, овој меѓународен самит еволуираше во глобална мрежа што обединува институции, брилијантни интелекти, научници, претприемачи и експерти, сите посветени на унапредување на етичките и социјалните иновации, поттикнување вредности и економски напредок за подобрување на нашиот свет. World Changers Summits опфаќа разновидна низа форуми, секој навлегува во различни теми, служејќи не само како платформи за размена на знаење и проширување на свеста, туку и како порти за надминување на границите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.