Петтиот ден од петтиот месец во годината секоја година го прославува она без кое македонскиот народ не би имал свој идентитет, – 5 мај, Ден на македонскиот јазик.
На вториот ден од Саем на книга, Арена – Борис Трајковски е исполнета со групи на млади лица, факт којшто влева надеж дека постои афинитет за пишаниот збор и читањето како навика во иднината, – младите. Љубителите на поседување нова книга во рака, овие денови можат да се најдат токму на Саемот на книга, каде ги разгледуваат и купуваат бројните наслови од разни автори на штандовите на издавачките куќи на годинешниот саем.
Во склоп на програмата на тековното издание на Саем на книга, двајца ученици од СУГС Гимназија „Орце Николов“ од Скопје, Никола Михајловски и Бојана Цветковска, од страна на организаторите на Саемот на книга, беа наградени со благодарници за учество со најдобар состав на тема за негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик, – „Душата зборува на македонски јазик“.
Двајцата ученици во склоп на Промотивниот центар со присутните гости ги прочитаа своите состави, кои се олицетворение на ставот на младите и нивната желба да го зачуваат она кое им се остава во наследство од страна на постарите генерации, благодарение на поборниците за чувањето на македонскиот јазик, многубројните легенди во македонската книжевност и историја како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.