Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници од Народна Техника и од Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ).

На средбата, соговорниците го информираа претседателот Пендаровски со текот на активностите кои се преземаат за одржувањето на претстојната 44. Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво – МАКИНОВА 2023 и 21. Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти – ЕКОНОВА 2023. Двете меѓународни изложби ќе се одржат од 10 до 12 ноември во Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Берово, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

 

Во разговорите беше истакнато дека традиционалното организирање на МАКИНОВА и ЕКОНОВА претставува одлична можност за промовирање и афирмирање на креативните идеи, иновации, дизајни и трговски марки, како и за создавање контакт со деловни лица заинтересирани за вложување, производство и пласман на соодветните иновативни решенија на пазарот. Денес, над 5000 просветни, научни и други стручни работници се вклучени, на доброволна основа, во системот на развојот на техничката писменост и култура на младите, што се одвива во повеќе од 3800 основни организации на Народна техника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.