Рецептот за ѓеврек со сусам, јаболко и младо сирење на Маја Лазаревска е избран победнички на натпреварот за ѓеврек до нов вкус – „Смисли го кругот“ што се одржа вчера во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.
Кога го прочитав повикот сакав да си поиграм со хемијата во позадина, но да се задржат она што се основни карактеристики на ѓеврекот: богата и силна арома на сусам (затоа го потпеков дополнително, за да ја појачам аромата), крцкава надворешност и мека внатрешност. Меѓутоа го направив и со нешто што е македонска локална состојка – тетовското Делишес јаболко. Додадов и малку кремасто младо сирење за да може да се втопи полека во печењето и да стои како некој позадински вкус. Тоа ми беше идејата, ѓеврекот да остане како интересен рецепт за учениците и нов вкус за пробување изјави победничката Лазаревска.
Членови на жири комисијата кои ги оценуваа рецептите беа Анета Реџепагиќ – професорка по практична настава-пекар; Влатко Ѓорѓиевски-професор по практична настава-готвач, професори во СУГС „Лазар Танев“- Скопје, готвачот Антонио Ѓорѓиевски од програма „Кулинари.мк“/АРНО и претставник од донаторите-спроведувачи на проектот, Jордан Бајрактаров- комесар на Сојуз на
извидници на Македонија
Натпреварот беше отворен за сите жители од Скопски плански регион кои беа повикани да пратат рецепт во кој ѓеврекот го задржува својот кружен облик и нуди нови, локални, вкусови и текстури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.