Работилницата на едно место ги обедини младите, постоечките корисници и претставниците на Интерег-ИПА програмите, за преку конструктивна дискусија сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот, конкретните можности за нивно вклучување и проектите кои може да водат кон вистински промени.
Со свое обраќање, работилницата ја отворија Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Ивана Ѓорѓиевска, Претседателка на Советот на Општина Куманово и Жил Кител, тим менаџер во Генералниот директорат за регионална и урбана политика при Европската комисија.
Денешниот настан, организиран од страна на Институтот за соработка и развој, во партнерство со Европската комисија и во соработка со Националниот младински совет на Македонија, Министерството за локална самоуправа, беше последниот од серијата настани наменети за запознавање на младите со можностите на европските Интерег-ИПА програми и Стратегијата на ЕУ за јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).
Вклучувањето на младите во европските Интерег-ИПА
програми е процес кој ја зголемува нивната ефективност и ефикасност. Овие програми
на младите им нудат можности за учество во процесите на носење на одлуки, како и за
развивање проекти преку кои ќе може да направат значајни промени во општеството.
Со цел подобро запознавање на младите со можносите кои им се нудат, во Општина
Куманово се одржа работилница на тема „Вклучување на младите во Интерег-ИПА
програмите: Како да им се овозможи на младите да преземат акција?“.
Работилницата на едно место ги обедини младите, постоечките корисници и
претставниците на Интерег-ИПА програмите, за преку конструктивна дискусија сите
потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за
регионот, конкретните можности за нивно вклучување и проектите кои може да водат
кон вистински промени.
На настанот беше истакнат и „Младинскиот манифест“, со кој се потврдува потребата
за пошироко вклучување на младите во европските стратегии и програми. Манифестот,
објавен од Европската комисија во 2020 година, ги презентира идеите на младите луѓе за Интерег-ИПА програмите и дава предлози за како овие програми подобро да се
усогласат со очекувањата и потребите на младите.
Со свое обраќање, работилницата ја отворија Крисела Хацкај, извршен директор на
Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Ивана Ѓорѓиевска,
Претседателка на Советот на Општина Куманово и Жил Кител, тим менаџер во
Генералниот директорат за регионална и урбана политика при Европската комисија.
„На овој семинар ќе разговараме за можните влезни точки и достапни механизми за
ангажирање на младите, во некoja од INTERREG IPA програмите каде Северна
Македонија учествува. Понатаму, ќе ги слушнеме и перспективите од претходните
корисници на проекти и нивните конкретни препораки за тоа како на подобар начин
можат да се вклучат и земат во предвид младите во идните проекти. За крај, се
надевам дека ова ќе биде една плодна дискусија за тоа како да се изгради соработка
помеѓу младите и поискусните корисници на INTEREGG IPA програмите, преку
консултации, кодизајн на проектини идеи, младинско волонтирање, посветено
финансирање за активности што се конкретно насочени кон младите, преку
поедноставени повици за предлози како и преку остварување на партнерства помеѓу
училиштата и универзитетите”- посочи Крисела Хацкај во својот поздравен говор.
На работилницата учествуваше и Филип Кулаков, програмски менаџер во
Националниот младински совет на Македонија, најголемото претставничко тело на
младите и правата на младите во државата, кој сподели со присутните „Би ги охрабрил
младинските организации, институциите, бизнис секторот и академската заедница, да
го искористат прозорецот на можности и вистински да направат влијание врз младите
луѓе во Македонија со нивно вклучување во програмите што им се достапни.
Студиите и извештаите континуирано укажуваат на тоа дека младите се разочарани и
не замислуваат иднина во оваа земја. Тие немаат доверба во институциите и не се
чувствуваат слушнати од властите. Ве повикувам, во ова критично време, значајно да
ги вклучите младите луѓе во развојот на територијалните програми и политики на ЕУ,
да ги вклучите како вистински партнер и заеднички да креирате решенија и да влијаете
на нивните предизвици и оптоварувања, и конечно, да ги слушате и градите мостови
засновани на доверба, преку спроведување на препораките што тие ги предлагаат”.
Денешниот настан, организиран од страна на Институтот за соработка и развој, во
партнерство со Европската комисија и во соработка со Националниот младински совет
на Македонија, Министерството за локална самоуправа, беше последниот од серијата
настани наменети за запознавање на младите со можностите на европските
Интерег-ИПА програми и Стратегијата на ЕУ за јадранско-јонскиот регион (EUSAIR)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.