На 15 март (среда), со почеток во 09:45ч. во просториите на Општина Куманово ќе се одржи настан – Работилница на тема „Вклучување на младите во Интерег-ИПА програмите: Како да им се овозможи на младите да преземат акција?“.

На настанот свое обраќање ќе имаат Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Ивана Ѓорѓиевска, Претседателка на Советот на Општина Куманово и Жил Кител, тим менаџер во Генералниот директорат за регионална и урбана политика при Европската комисија.

Целта на работилницата е младите подобро да се запознаат со можностите што им се достапни преку европските Интерег-ИПА програми и конкретните начини за нивно вклучување. Овие програми на младите им нудат можности за учество во процесите на носење на одлуки, како и за развивање проекти преку кои ќе може да направат значајни промени во општеството.
Работилницата на едно место ќе ги обедини младите, постоечките корисници и претставниците на Интерег-ИПА програмите, за преку конструктивна дискусија сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот, конкретните можности за нивно вклучување и проектите кои може да водат кон вистински промени.
На настанот ќе биде истакнат и „Младинскиот манифест“, со кој се потврдува потребата за пошироко вклучување на младите во европските стратегии и програми.
Манифестот, објавен од Европската комисија во 2020 година, ги презентира идеите на младите луѓе за Интерег-ИПА програмите и дава предлози за како овие програми подобро да се усогласат со очекувањата и потребите на младите.
На настанот свое обраќање ќе имаат Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Ивана Ѓорѓиевска, Претседателка на Советот на Општина Куманово и Жил Кител, тим менаџер во Генералниот директорат за регионална и урбана политика при Европската комисија.
Овој настан организиран од страна на Институтот за соработка и развој, во партнерство со Европската комисија и во соработка со Националниот младински совет на Македонија, Министерството за локална самоуправа, ќе биде последниот од серијата настани наменети за запознавање на младите со можностите на европските Интерег-ИПА програми и Стратегијата на ЕУ за јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.