По долго боледување, во 75-та година од животот, почина писателот и преведувач Давид Албахари, пренесуваат српските медиуми.

Албахари е роден во 1948 година во Пеќ. Првата зборка раскази „Семејно време“ ја објави во 1973 година во издание на Матица српска од Нови Сад. Истиот издавач го објави и неговиот прв роман „Судијата Димитриевиќ“ во 1978 година. Потоа издаде уште 30-тина литературни дела кои се преведени на 21 јазик.

Преведе и голем број на книги, приказни, песни и есеи на американски, британски, канадски и австралиски писатели, како и драмски текстови. Беше член на српската Академија на науки и уметности, на српскиот ПЕН центар и на Српското литературно друштво.

Во периодот од 1973 година до 1994 година работеше во редакции на повеќе белградски и новосадски магазини и издавачки куќи. Од есента во 1994 година до 2012 година живееше во Калгари, Канада по што се врати во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.