Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, објави Sky News. Таа замина по долго боледување.

Во соопштението се вели: „Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги“.

Нејзиниот портпарол појасни дека „ќе има приватен погреб на кој ќе присуствуваат нејзините блиски пријатели и семејството“.

Ве молиме почитувајте ја приватноста во овој тежок момент за нејзиното семејство“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.