„Отворен ден на УКИМ“ организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје в петок (1 декември) на секој од факултетите во негов состав, во два термина – од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програмисоопшти УКИМ.

Отворениот ден е можност тие да се запознаат и со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања поврзани со студентскиот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.