„Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница која се очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко.

Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска која вели:

Отсекогаш имам посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче, кое е секогаш подготвено да се најде во ладно и во топло.

Илустрациите и овој пат се на Хари Дудески, а издавач е Чудна шума. Сликовницата се очекува да излезе од печат до крајот на годината.

Децата ја прифатија одлично првата сликовница од овој циклус и научија како да се грижат за своите облеки, бидејќи и тие имаат живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.