По повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна конференција на тема “Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.

Конференцијата ќе се одржи од 19 до 22 септември 2023 година во Охрид. Над 130 учесници од земјата и странство ќе промовираат и дискутираат истражувања, практики и политики поврзани со теми кои се занимаваат со прашањето на глобалните кризи од различни перспективи релевантни за социјалната работа и социјалната политика.

Трудовите и излагањата се контекстуализирани во неколку домени на анализа, вклучувајќи: (i) Одговори на социјалните држави и социјалните политики на глобалните кризи; (ii) Социјалните услуги во контекст на повеќекратни кризи; (iii) Глобалните кризи и човековите права; (iv) Влијанието на глобалните кризи врз социјално ранливи лица, како: мигранти, бегалци, жртви на семејно насилство, невработени итн. (v) Влијанието на глобалните кризи врз социјалната заштита, детската заштита, вработувањето, образованието и здравјето, како и (vi) Иновации во истражувањата, образованието и стручната пракса за социјалната работа и социјалната политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.