Денес во книжарницата на Литература во Дајмонд мол, со почеток во 13:30 часот, во рамките на Skopje Design Week, ќе имате можност да присуствувате на мастер час за продукт дизајнери со наслов How to create Design Oriented Brand?

Како младите дизајнери да креираат дизајн бренд и го наметнат за пазарот ги прифати!? Мастер час кој ќе ги обелодени начините на соработка со реалниот сектор , т.е. фабриките на мебел. Како да се поставите во преговорите, како да се договорите за вашиот хонорар и % од продажба, се само дел од детаљите кои ова предавање на светски познатиот дизајнер Зоран Једрејчиќ ќе ви ги даде одговори.

Зоран Једрејчиќ е индустриски дизајнер и уметнички директор од Сплит, Хрватска, со италијанско потекло. По седумгодишна плодна соработка со “Ettore Sottsass”, тој отвори дизајнерско студио во Милано, а неодамна уште едно во Белград. Зоран Једрејчиќ е најнаградуван продукт дизајнер во регионот и дизајнер со најголемо портфолио во соработка со фабрики од регионот и Европа. Једрејчиќ меѓу другите има дизајнирано за меѓународни брендови како што се, 3M, Artisan, Molteni&C, Dada Cucine, Fratelli Guzzini, Gir, Nambe’, Segis, Superfos, Volumen, Woak и Zavar. Добитник е на многу награди, меѓу кои Red Dot – Best of the Best, IF Design Award, Design Plus, Compasso d’Oro, German Design Award, Dezeen Award и BIG SEE Award, а неговите дела се
изложени во престижни музеи како што се MAK Wien, MART Rovereto, ICA Boston, MoMA NY и Ozone Center Tokyo. Неодамна, тој беше награден како визионер на BIG SEE за 2021 година. Паралелно, кариерно во сверата на дизајнот и образованието тој е ангажиран како визитинг професор на ИСИА-Фиренца, НАБА Милано, ИААД-Торино и Академијата за ликовни уметности-Белград. Во моментов, неговата главна цел е да ја развие и интернационализира регионалната (Балканска) дизајнерска сцена и индустрија, преку неговиот ангажман како уметнички директор на Белградскиот саем за мебел и Загребската недела на дизајн, како и на неколку регионални брендови на дизајн.

Билет: 100 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.