Генералниот секретар на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ, во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, ја истакна важноста од заштитата на новинарите, особено во клучната изборна 2024 година, со цел зачувување на демократијата.

– Додека милиони граѓани во Европа и другите континенти гласаат на клучните избори во 2024 година, мора да се потсетиме на критичната улога што ја играат новинарите и квалитетните медиуми во обезбедувањето пристап до плуралистички и веродостојни информации и разновидни мислења и идеи, за да можеме да носиме информирани одлуки за остварување на демократските права, рече Пејчиновиќ Буриќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.