KСП Центар Јадро во рамки на проектот „Arts Hub“, отвора јавен повик за поддршка на автори и авторки во создавање на авторски аудио поткаст. На повикот ќе се одберат 5 апликации кои меѓудругото ќе добијат и поединечен хонорар од 8000 денари бруто износ.
Секој(а) што сака да го пренесе своето знаење, страста за своето хоби, алармот за одредени состојби и критика на делата од омилените автор(к)и, е добредојден(а) да се пријави на нашиот повик!
Темите за поткастот се:
- Екологија и заштита на животна средина;
- Ментално здравје;
- Јавни простори и архитектура;
- Критика или анализа на современи дела од областа на културата (театар, книжевност, музика, филм итн).
KСП Центар Јадро ќе обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, менторство и помош во осмислувањето на разговорот, промовирање на епизодите на нашите социјални мрежи и краток курс од 5 часови за снимање и постпродукција на поткаст кој ќе го одржи Младен Павлески од BPM Streaming.
Младен Павлески моментално работи на поткасти со IRL Macedonia, Институт за комуникациски студии, Tomas performance podcast, Bajkerot i Crossfiterot, Coach Josif и Mamastefit Podcasts.
Вашата обврска ќе биде да ја спремате содржината на поткастот, контакт со евентуални гости и водење на поткастот. Поткастот може да го водите во тандем со уште една личност. Поткастот треба да трае минимум 30 минути.
За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете:
- концепт за поткастот (до пола страна);
- ваше кратко био;
- претходно искуство со овој или сличен медиум;
- дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие;
- колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите);
- дали ќе водите соло или со уште некој(а).
Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.
Добиените апликации ќе бидат оценети од страна на тимот на КСП Центар-Јадро, а информациите за избраните автор(к)и на поткастите ќе бидат објавени најдоцна до 22 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.