На 18 ноември тимот на СмартАп спроведува креативна работилница под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација 2“, наменета за предметни наставници и воспитувачи. Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација.

Втората работилница е резултат на огромниот интерес за претходната креативна работилница „Креираме заедно за подобра комуникација“ која се спроведе преку проектот „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете“ која се одржа на 4 ноември.

Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност.

Бројот на учесници е ограничен и ќе се применува принципот „прв пријавен, прв услужен“. Патните трошоци за учесниците надвор од Скопје, ќе бидат покриени од страна на организаторот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.