Денес со почеток во 18.00 часот во Јавна Соба се отвара ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“. Организатор на изложбата е Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова. Центарот направи селекција на делата на учениците и се создаде богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици автори, на возраст од 5 до 55 години.

Изложбата ќе остане поставена во просториите на Јавна Соба една седмицa. Влезот за посетителите е слободен.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.