Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) ги отвора вратите за идни студенти кои сакаат да се приклучат на една од најблагородните професии – доктор по ветеринарна медицина. Вториот уписен рок ќе се одржи од 17 до 18 септември 2024 година.

Од Факултетот истакнаа дека ветеринарната медицина е клучна за благосостојбата на животните, луѓето и животната средина.

„Државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе ги применат своите знаења во ветеринарната пракса, прехранбената индустрија, инспекциските служби и многу други сектори. Факултетот нуди програма која ги следи најновите достигнувања во ветеринарната наука, а преку соработките со странски институции, студентите имаат можност за клиничка пракса и мобилност во странство.“, велат од ФВМС.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје има квота до 50 места за студии на македонски јазик и до 15 места за студии на англиски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.