Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, посочи дека во изминатиот период, компанијата Премиум Safety Solution ја започнала и успешно ја заокружила  постапката на добивање на овластување, т.е. лиценци за вршење на стручни работи во областа на безбедност при работа.

Безбедноста и здравјето при работа е несомнено, еден од суштинските елементи за создавањето на она што го нарекуваме „пристојна работа“ и “пристојни работни услови“. Лиценците се всушност основните елементи или главните појдовни точки кои треба да бидат квалитетно спроведени во секое едно претпријатие и кај секој работодавач, доколку навистина сакаме работата која таму ќе ја извршуваат вработените да биде сигурна и безбедна по нивното здравје и да се одвива во една здрава и заштитена работна средина. Но само со активна соработка со работодавачите и нивните претставници, со претставниците на вработените во компаниите и докторите по медицина на трудот,  услугите кои вие ќе ги нудите и извршувате, навистина ќе придонесат кон заштитата на здравјето и на безбедноста на вработените во компаниите, и кон градењето на таа посакувана превентивна култура кај сите субјекти во компаниите, рече Хусеин.

 

Како што посочи заменик директорот на дирекцијата за заштита и спасување,  Зулфиќар Зејнулаи важноста за постоењето на вакви компании во државата е од големо значење, а исто така и за дирекцијата во придонесот за иновациите и решенија за безбедност од пожари во местото на живеење на граѓаните. 

 

Денешниот настан, преполната сала од гости ме потсетуваат на изреката на Бенџамин Френклин: прави им добро на пријателите да ги задржиш, а на непријателите да ги победиш. Тоа според мене е волшебната формула на  за успешно основање на Премиум Safety Solution во нашата држава. Очекувам, услугите на оваа компанија да бидат брзо препознаени во деловниот свет и задоволството од нивната реализација да биде на заедничко задоволство на сите, вели Претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност во Македонија проф. д-р Атанас Козарев.

 

Според претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа проф. д-р Драган Триван рече дека му е драго што ги следи трендовите на Европската Унија Македонија за интегрирано функционирање на сите функции на безбедноста на едно место предводено од тим стручњаци и професионалци.

 

Изминуваат 55 години откако постои катедрата на Факултетот за заштита при работа, иако на почетокот луѓето не ја разбираа оваа струка, времето покажа колку е важна бидејќи денес во тие рамки имаме и заштита на животната средина, заштита од непогоди, рече проф.д-р Срѓан Глишовиќ, Декан на Факултетот за заштита при работа во Ниш.

 

За проф. д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право вели дека оваа дејност е  исклучително важна, за работодавачите за компаниите, важна за работниците, синдикатите, важна за државата, важна за целото општество во земјата но и регионот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.