Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито од Скопје е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.

Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

 

Менторка на Котевска и е проф.Кристина Клиафа – Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.  

 

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.