19. традиционлна годишната конфренција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на 29 и на 30 октовмри. На првиот ден ќе се говори на тема „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а на 30 октомври на тема „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ – во соработка со Адвокатска Канцеларија Најденовски, ко-организатор на настанот за вториот ден.
Организаторите најавуваат богата и високо квалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI).
На воведниот дел од 19-та годишна конференција на МАСИТ, ќе се обратат истакнати говорници: Анета Пешева, Претседател на Собранието на МАСИТ, Тимоти Онг, Директор на канцеларијата за економски раст на УСАИД и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Ќе биде организира панел дискусија која ќе ја води Весна Иваноска, заменик претседателка на Управниот одбор на МАСИТ, на која ќе има дискусија посветена на националниот капацитет за брза адаптација на работната сила. Ќе говорот: министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Претседателот на УО на МАСИТ, Илија Господинов и Директорот на Активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности – Небојша Мојсоски. Понатаму во текот на настанот ќе се обратат бројни истакнати професионалци од областа, како менаџери на врвни компании од индустријата, поврзани институции, професори и експерти учесници во панел сесиите предвидени во програмата.
Вториот ден на конференцијата, во коорганизација со Адвокатската Канцеларија Најденовски е посветен на иновациите во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.