Денеска во касарната „Илинден” се организираше свеченост за прием на 150 нови професионални војници во редовите на Армијата на Република Македонија. Оваа година во армијата беа примени вкупно 300 професионални војници, од околу 1.900 кандидати кои се пријавија на двата јавни огласи. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на новопримените професионални војници им порача дека честа да се облече армиската униформа е голема и дека нивната цел од која никогаш не треба да се откажуваат е службата кон татковината.

„Голема е честа која ви е дадена да ја облечете армиската униформа, но уште поголема е обврската која ја добивате. Патот кој денес го почнувате не е воопшто лесен, но е благороден. Подгответе се за предизвици, искушенија, пожртвуваност, но никогаш да не се откажете од вашата единствена цел да и служите на Република Македонија”, рече министерката на свеченоста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.