Откако беше објавено дека актерката Тори Спелинг се разведува од Дин Мекдермот по 17 години брак, таа беше видена во јавноста.
Далеку е од Тори кои многумина ја паметат од серијата „Беверли Хилс“. Тогаш таа имаше милиони обезбедени од нејзиниот татко, Арон Спелинг, креаторот на серијата, како и други бројни достигнувања во 90-тите. Спелинг никогаш не успеала да го надмине реалното шоу по смртта на нејзиниот татко, а за тоа дека е во лоша финансиска состојба сведочи и тоа што спие во мотел каде една соба чини 100 долари од ноќ. Таа пораснала во замок проценет на 165 милиони долари, а по смртта на нејзиниот татко во 2006 година, наследила само 800.000 долари. Не се знае дали спие таму поради разводот или има некоја друга причина за тоа.
Тори и Дин, инаку, имаат заедно пет деца. Веста за разводот не ги шокираше премногу обожавателите, бидејќи актерката и актерот веќе објавија дека е само прашање на време кога ќе се решат на тој чекор.
Инаку, Спелинг светската слава ја стекна со улогата на Дона Мартин во познатата тинејџерска серија „Беверли Хилс, 90210“. Уште во 2021 година беше објавено дека актерката поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Дин Мекдермот.
Тори и Дин и двајцата биле во брак кога се запознале на снимање на филм во 2005 година. Тоа не ги спречило да започнат врска, а набрзо се развеле за да можат да ја официјализираат својата љубов. Двојката има пет деца, а последниве години имаат турбулентен однос и наводно Дин ја изневерува Тори, а таа постојано му простува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.