Ален Делон кој почина вчера е еден од најголемите француски актери.Ален бил вистинска ѕведа во шеесеттите и седумдесеттие години и по него лудувале жените во Франција. Но, неговиот живот се менува кога во Белград го запознава Милош Mишко Милошевиќ.

Набрзо Милош го напушта Белград и заминува во Франција и му станува телохранител на Делон. Станале и најдобри пријатели се до кога Ален му ја презема девојката на Милош, преубава Натали кога станува госпоѓа Делон.

Разочаран Милош се сели во САД да гради актерска кариера, но за телохранител на Делон му го препорачува неговиот пријател Стевица Марковиќ. Стевица веднаш се снаоѓа во Париз, а бидејќи бил неверојатно убав го бркале најубавите жени во Франција.

Но, жените ќе му пресудат на крајот. Тој почнал да ги уценува со фотографии и снимки сите со кои спиел, па дури и сопругата на тогашниот претседател Помпуду.

Соработува и со корзиканскиот мафијаш Франсоа Маркантони за кој се претпоставува дека го нарачал неговото убиство. Стевица со најлонска вреќа е најден на депонија во Париз со пенисот во уста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.