Ален Делон, еден од најпознатите и најхаризматични француски актери, почина денеска во 89 година. Тој остави неизбришлива трага  во светот на филмот, но стана и симбол на европската кинематографија. Глумеше во повеќе од 100 филмски остварувања, беше со најубавите жени на светото но често велеше дека не е среќен.

Јас сум програмиран да бидам успешен, но не и среќен. Тоа не оди заедно – рекол во една прилика Делон.

Изјавуваше дека славата го изморила, бидејќи не можел да живее како сите други и да има своја приватност. Говореше дека во жените ја црпе мотивацијата да биде она што беше, а се забавуваше со најубавите жени.

Ален на почетокот на 2018 година велеше дека е подготвен да го напушти овој свет.

Го мразам времето во кое живееме, ми се повраќа од тоа. Постојат луѓе кои ги мразам. Се е лажно, важни се само парите. Ќе го напуштам овој свет без трошка каење, изјавил тогаш Делон, откривајќи дека неговата последна желба е со него на оној свет да замине и неговото куче Лобо.

Ако заминам пред него, ќе го замолам ветеринарот да ни овозможи да одиме заедно. Ќе му даде инекција и тој ќе може да умре во моите прегратки. Подобро така, отколку да умре на мојот гроб – порача актерот и призна дека од едно нешто најмногу се плаши.

Имено тој бил престрашен од можноста некој да го откопа, за земање ДНК за потврдување татковство.

И реков на мојата ќерка, те молам немој да дозволиш да се случи тоа кога ќе умрам – заклучил Делон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.