За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намален на Дојранското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа нивоата на Охридското и на Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за декември и тоа за 5 сантиметри кај Охридското и за 1,67 метри кај Дојранското Езеро, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.