Во понеделникот (24.10.2022), во “Тренд – Гастро Бар“, „Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост-Икуалити“, организираше прв „Фестивал на инклузија“

Фестивалот кој започна со мисија за прославување на животот преку уметност, со своето учество го збогатија студиото за танц „Еурека“, преку изведбата на инклузивната претстава „Рефлексија“, пијанистката Ема Ананиевска, како и инклузивниот„Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“. Фестивалот го поддржаа и Игор Џамбазов, Дани Димитровска и познатото дуо ДНК.

„Фестивал на инклузија“ е почеток на една позитивна приказна во овие непредвлидливи и предизивикувачки времиња, кој има за цел да ја разбуди емпатијата кај младите, да се олесни размената на искуства и да се укаже на важноста од почитување на меѓусебните разлики.

Ова е само почеток на една традиција која ќе биде отслик на емпатија и срдечност меѓу сите учесници во општеството.

 

Сите оние кои сакаат да помогнат и пружат поддршка, тоа може да го направат преку официјалниот сајт на Здружението – организатор и неговата продажба во хуманитарни цели и целите за организација за наредните настани кои ќе се одвиваат низ целата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.