Дражен Ѓорѓевиќ, ѕвездата на реалити каналот „Кафе Зале“, починал утрово во сон. Овој ријалити играч сите го познаваа по прекарот Драшко, а во последната објава продукцијата се прости од него:

Дражен Ѓорѓевиќ почина денеска во сон. Нека ти е лесна земјата и царството небесно, збогум Драшко и патувај мирно.

Драшко беше една од најголемите ѕвезди на реалното шоу „Кафе Зале“ кое се емитуваше на Јутјуб и за кратко време собра голем број фанови и прегледи.

Да потсетиме, во 2022 година, Илија Боксер, исто така ѕвезда на реалити каналот „Кафе Зале“, почина по тешка битка со опасна болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.