Денеска во близина на езерото Младост, северно од Велес беа пошумени 23 хектари или 50.000 дрвја на државно земјиште. Над стотина волонтери од Скопје и Велес учествуваа во масовната еколошка акција „Сончева Гора“.
Десетгодишниот проект за обнова на животната средина „Зелена Сончева“ е во организација на „Мен енд Маунтен“ и се реализира под покровителство на Пивара Скопје и Пакомак и официјалните партнери Шпаркасе банка, Нула Отпад, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми. Проектот се состои од два дела: годишната пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и акцијата за пошумување на државно земјиште „СОНЧЕВА ГОРА“, што се одвива наесен и ја утврдува Министерството за земјоделство во рамките на годишната програма за пошумување. За секои 10 килограми собран отпад, министерството посветува по едно дрво.
Волонтери од Пивара Скопје и Пакомак дојдоа на терен и ја подржаа акцијата со садење дрва.
Проектот ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА започна во 2021 и ќе биде заокружен во 2031 година, за кој Мен енд Маунтен потпишаа меморандум со Министерството за земјоделство и ЈП Национални Шуми.
За само три години, засадени се 90.000 дрвја и собран е отпад од 615.000 килограми, а досега учествуваа над 25.500 регистрирани волонтери, од кои 10.000 беа деца – нашите „Сончеви пионери“, велат од Мен енд Маунтен.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски потенцираше дека со збогатувањето на шумскиот фонд во земјава обезбедуваме поздрава иднина за сите.
Министерката за животна средина, Каја Шукова истакна дека ја радува фактот што од ден на ден се повеќе развиваме здрави навики кон животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.