На 26 август, Цукерберг му пиша на Судскиот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД и наведе дека жали што претходно не зборувал за ситуацијата, како и за некои од одлуките што ги донел како сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp кои биле поврзани со отстранување содржина.
„Во 2021 година, високи функционери од администрацијата на Бајден, вклучително и Белата куќа, постојано вршеа притисок врз нашите тимови со месеци да цензурираат одредени содржини поврзани со Ковид-19, вклучително и хумор и сатира, и беа многу фрустрирани кога се спротивставивме“, напиша тој во писмото што Одборот го објави на својата Фејсбук страница.
„Сметам дека таквиот притисок од властите е погрешен и жалам што не бевме поотворени за тоа. Исто така мислам дека донесовме некои одлуки кои со новостекнатото искуство и знаење немаше да ги донесеме денес “ додаде тој.
Закерберг го упати писмото до републиканецот Џим Џордан, претседател на комитетот. Комитетот на Фејсбук изјави дека ова писмо е голема победа за слободата на говорот и дека Закерберг признал дека Фејсбук ги цензурирал Американците.
Извршниот директор на Мета во писмото наведува и дека за време на годинашните претседателски избори нема да дава донации за изборната инфраструктура. За време на последните избори, кои се одржаа во 2020 година за време на пандемијата, Закерберг донираше 400 милиони долари за изборната инфраструктура преку иницијативата Чан Закерберг, за што беше критикуван од некои групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.