Голем розов дијамант од 170 карати е откриен во Ангола. Се верува дека тоа е најголемиот розов скапоцен камен пронајден во последните 300 години, објави агенцијата АП.

Дијамантот е пронајден во рудникот за алувијални дијаманти Луло, по што го добил името „Луло Роуз“.

Ова е петти по големина дијамант пронајден во овој рудник, кој има произведено 27 дијаманти од 100 карати или повеќе. Рудниците во Ангола се меѓу 10-те најголеми светски производители на дијаманти.

Државната компанија за дијаманти на Ангола, „Содијам“ ќе го продава розевиот дијамант на меѓународен тендер.

Највредниот дијамант некогаш пронајден е јужноафриканскиот „Кулинан“, ископан во 1905 година и вредел 3.106 карати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.