Еден танчер е сериозно повреден, а уште еден е згрижен во болница откако огромен екран падна врз членовите на популарниот бој-бенд Мирор на концертот „Кантопоп“ синоќа во арената „Колосеум“ во Хонг Конг, пренесува Би-би-си.

Танчерот врз кој директно паднал тешкиот ЛЕД-екран е во критична состојба, според локални медиуми. Концертот итно бил прекинат.

Ова не е првиот сериозен инцидент на турнејата на младата група. Во вторникот Френки Луи паднал од подиумот додека ѝ се обраќал на публиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.