Во Виетнам е забележана рекордна температура од 44,1 степени Целзиусови.

Екстремната температура е измерена вчера на метеоролошка станица на северот на земјата, во провинцијата Тан Хоа, соопшти виетнамскиот хидрометеоролошки институт.

Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени.

Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување.

Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.