Меѓународната федерација на новинари (ИФЏ) соопшти дека досега оваа година 67 новинари и претставници на медиумите се убиени ширум светот додека ја извршувале својата работа, што е за 30 отсто повеќе од претходната година и најголем број во последните 47 години.
Извештајот на ИФЏ беше објавен во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, кој се одбележува утре, а поради зголемувањето на бројот на убиени медиумски работници, организацијата ги повика владите да преземат поконкретни активности за заштита на новинарите и слободно известување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.