Манастирот Тумане, кој постои од 14 век, е сведок на многу чуда, а верници од целиот регион го посетуваат за да запалат свеќа и да ги кажат своите молитви.
Но, овојпат, јавноста бурно реагира на производот кој се продава на онлајн продавницата од манастирот. Иако многумина веруваа дека е лага, сепак, производот „мелем против депресија“ навистина постои и навистина се продава на веб-страницата на српскиот православен манастир.
izrazito bih voleo da @mango_on_diet i njene kolege istraže koji je sastav ovog smeća, kao onomad što su pic.twitter.com/EPUpjuVneB
— Radomir Martin™ (@radomir_martin) March 20, 2024
Мелемот против депресија во манастирот Тумане се продава за 800 динари (420 денари). Составот на овој „лек“ вклучува мед, трева од маточина, хмељ, ајдучка трева, цвет од липа, коприва, корен од валеријана, кантарион, витамин „ц“, есенцијални масла, тинктура.
Многумина се интересираа дали ваквиот „лек“ е одобрен од лекарите, бидејќи депресијата е многу сериозна болест. Во коментарите луѓето прашуваат на што точно се мачка овој мелем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.