Дирекцијата за заштита и спасување вчера соопшти дека ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колегите од Битола, Прилеп и Скопје.

Од дирекцијата велат дека ангажирани се нивните сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила.

Вчера припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а во која никој не влегол веќе 40 години.

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување за утрово најавија продолжување на потрагата по детето во мариовскиот дел.

Него секаква трага му се губи од петокот (25.02) попладнето од селото Врбско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.